Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Иво Вајгл, денеска ги продолжува средбите со координаторите на пратеничките групи во Собранието, по што ќе следува брифинг со претседателот на Собранието Талат Џафери и со амбасадорот на Европската унија Самуел Жбогар.
– “Би сакал да разговараме за проектот „Жан Моне“ на Европскиот парламент што значи покренување на дијалогот на политичките играчи во Македонија и интеракција со парламентарците од Европскиот парламент” – изјави синоќа Вајгл.
Како симбол за ЕУ интеграцијата, овие состаноци би се одржувале во Франција, во куќата на Жан Моне.
Вообичаено во оваа вила се одржуваат неформални средби за отворање на процес на дијалог, без присуство на камери, во обид да се најдат некакви заеднички решенија за одредени прашања. Според Вајгл во вилата на Жан Моне треба да се разговара за клучните теми за процесот на евроинтеграција на Македонија.
Денеска Вајгл ќе има средби со координаторот на пратеничката групи на СДСМ, Томислав Тунтев, на ДУИ, Ејуп Алими и со Сурија Рушиди од Алијанса за Албанците.
Вчера Вајгл вчера имаше средби со претседателот на Собранието Талат Џафери, со координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, со Африм Гаши од Беса и со Мерал Узеири Ферати од ДПА.