Неделен хороскоп: 13.11 – 19.11.2017

Сподели

Овен

Луѓето со кои соработувате на работа, би можеле да ве изненадат со некој нов и неочекуван предлог. Во прв момент нема да знаете како да се поставите, но тие сами ќе ви дадат идеја што понатаму да правите. Само слушајте ги внимателно. Венера оваа недела ќе донесе продлабочување на конфликтите и дистанца во вашите лични односи. Веројатно повеќе ќе бидете посветени на себеси или ќе ги намалите своите љубовни очекувања. Но, тоа ќе биде добро за лично преиспитување.

 

Бик

Не сте во можност да одбирате, но потрудете се најбезболно да го поминете овој период. Некои од вас ќе добијат понуда за работно унапредување, но малкумина ќе ја прифатат, или ќе биди малку платена или нема да содејствува со вашите квалитети. Лесно остварувате деловни успеси, но во овој период ќе се пожалите на истите.

 

Близнаци

Ќе имате желба за работа и успешно ќе ги извршувате работните задачи. Внимавајте сликата која со која ќе се прикажувате неделава, може кај некои ваши колеги да не предизвика љубомора. Ќе имате многу деловни контакти и разговори и многу од нив ќе бидат успешно завршени. Односите со околината ви се подобруваат и ова е добар момент да извршите важни разговори.

 

Рак

Прекрасен период за работа и извршување на вашите секојдневни обврски. Ве очекуваат пријатни моменти на работното место. Добро ќе се разбирате со соработниците и повеќе од работното време ќе го поминете во другарување, а можеби и озборување. Ве очекува важен разговор со претпоставените кој доста позитивно ќе влијае врз вашата работа, а можеби и некое унапредување.

 

Лав

Моменталната ситуација од вас бара одлучно дејствување и прилагодување на новите животни можности и многу брзи реакции. Во работата вложувате додатен напор, но тоа ќе ви се исплати. Само продолжете со ова темпо, послушајте ги советите од страна. Во односите со соработниците ќе морате да бидете потрпеливи ако сакате добра соработка.

 

Девица

Работните задачи ќе ги извршувате без никакви тешкотии и пречки. Сѐ ќе ви оди од рака. Разговори со вашите колеги и заедничкото решавање на проблемите ќе ве прави среќни и ќе чувствувате дека повторно сте во шема. Ако имате намера да инвестирате во недвижнини затоа што сте дошле до поголема количина на пари, а не би сакале да пропаднат, не се залетувајте премногу туку побарајте совет од стручни лица.

 

Вага

И покрај тешкотиите со кои ќе се соочите неделава сепак ќе најдете сила да издржите. Вашите квалитети и потенцијали многу тешко ќе ги изразувате. Ќе бидете премногу чувствителни на сѐ што ќе се случува врз вас. Внимавајте во работата и обидете се да бидете целосно концентрирани. Не го очекувајте невозможното, обидете се да ги обновите односите со луѓето кои се поврзани со вашите проблеми. Имате шанси некаде да отпатувате.

 

Скорпија

Ништо не ќе може да ве изненади неделава. Ќе бидете некако настрана и незаинтересирани за околината. Вашите пријатели ќе помислат дека нешто се случува со вас и ќе сакаат да ви помогнат. Секако дека нема потреба, тоа е само моментална ситуација која многу брзо ќе мине. Нема да имате многу слободно време, напорно ќе работите додека другите околу вас гледаат да избегнат секаква работа.

 

Стрелец

Не ја губете силата на работи на кои малку можете да дејствувате, бидејќи многу ќе се нервирате. Вашите имагинативни можности се нагласени, ќе се занимавате со уметност и работи за кои е неопходна фантазија. Иако имате многу причини да бидете задоволни сепак, нешто не ве остава на мир. Секогаш сакате повеќе иако знаете дека тоа е невозможно.

 

Јарец

Ќе мислите на себе и на она што сакате да го постигнете. Ако не можете да се решите по кој пат да тргнете, добро размислете за последиците и запрашајте се што ќе ви донесе иднината. Немојте да ризикувате, потрудете се да го извлечете максимумот, склопувајте нови пријателства и без срам наметнувајте се на вашата околина. Одлично ви се аспектирани трајните работи кои бараат многу упорност и трпеливост.

 

Водолија

Ќе бидете оптоварени во текот на целиот период и ќе се чувствувате доста заморно, но не смеете да потклекнете на тешкотиите и едноставно пробајте да издржите и да се борите. Ќе се соочите со финансиски тешкотии, а тоа многу ќе ве загрижува. И покрај големите обврски ќе имате доволно време да размислите за потезите кои порано сте ги имале преземено, но и за нови акции кои би можеле да вродат плод.

 

Риби

Интензивен период кој ви носи многу случување и напнатост. Ќе бидете доста експлозивни и ќе чувствувате потреба да преземете нешто, да се докажете, но за жал тоа нема да ви оди така лесно. Отпорите од ваша страна ќе бидат нагласени, па тоа ќе ви донесе судири со околината. Совладајте се и не реагирајте бурно. Само во работата ќе заборавате на лошата ситуација и проблемите кои се присутни.