Северна Кореја изврши тестирање на нов вид интерконтинентална балистичка ракета со „супер голема боева глава“ со домет до копното на САД, соопштија севернокорејските медиуми денес, откако лидерот Ким Џонг Ун дал наредба да биде лансирана ракетата Hwasong-15 што, достигнала најголема висина досега забележана во тестирањата на Северна Кореја.
Државната новинска агенција KCNA го нарече овој нов проектил „најмоќниот досега“ и дека „ја исполнува целта: да се заврши развојот на системот за ракетно оружје“.
Советот за безбедност на ОН закажа за денеска итна седница во врска со најновата ракетна проба на Северна Кореја, што генералниот секретар на светската организација, Антонио Гутереш, го осуди како „јасно кршење на резолуциите на Советот за безбедност на ОН и непочитување на заедничката основа на меѓународната заедница”.