Презентација на анализа за ризици од поплави во Скопскиот регион

Сподели

 

Утре, на 30.ноември, во 09:30 часот во салата на Советот на Град Скопје ќе се одржи презентација на Физибилити анализата на можностите за намалување на ризикот од поплави во Скопскиот регион, која Град Скопје ја изработи во соработка со УНДП.

Изработката на оваа анализа е во рамки на проектот Зголемување на урбаната отпорност со примена на ИКТ за смалување на ризиците од катастрофи и климатски промени.