Во кривичниот суд денеска почнува судењето за случајот „Тотал“, во кој е обвинет новинарот и уредник на Телевизија Сител, Драган Павловиќ-Латас, заедно со три фирми: Тотал Маркетинг Доел, Тотал Медиа Центар и Медиамакс, во кои тој се јавува како сопственик или управител.
Осомничениот се товари дека во периодот од 2008 до 2015 година, заедно со правни лица со намера да одбегнат плаќање даноци во завршните сметки и даночните пријави давале лажни податоци. Правните лица го оштетиле буџетот за 121 илјада евра, а осомничениот за 63 илјади евра.