Амбасада на САД побара одговор од надлежните, кој е планот за решавање на загадувањето

Сподели

Има ли Македонија, воопшто некаква идеја за справување со отровниот воздух? Меѓународните претставници во земјава со остри критики, пренесува 24 Вести.

Aмериканската амбасада, критикувајќи го енормното аерозагадување, побара одговор од надлежните, за тоа кој е планот за решавање на овој проблем.

Загадувањето на воздухот во Скопје денеска беше толку големо што едвај можеше да се види амбасадата! Кои се вашите идеи за почист воздух во Македонија?“ напишаа од Амбасадата на САД на „Фејсбук“ и на „Твитер“.

Со реакции излезе и холандскиот амбасадор, Ваутер Пломп. Качен на велосипед, со заштитна маска на лицето, амбасадорот на социјалните мрежи информираше за алармантната состојба во Скопје.

„Постои дилема: дали да се користи автомобил и да се придонесе на загадувањето или да се земе велосипед и тоа да се вдишува. Денеска за прв пат се обидов со маска“, напиша Пломп на „Твитер“.

Во меѓувреме, загадувањето во Македонија урива рекорди. Земјата дебеска повторно се најде на светските мапи за загаденост, а Скопје уште еднаш застана на врвот на листата на најзагадени градови.