Северна Кореја е „директно одговорна“ за кибер нападите со вирусот „Вонакрај“, со кој беа погодени голем број болници, банки и компании во целиот свет, изјави синоќа советникот на Белата куќа за внатрешна безбедност Том Босерт, пренесува МИА.
– Нападот беше масовен и чинеше милијарди, а Северна Кореја е директно одговорна за него, истакна Босерт.
Советникот на американскиот претседател Доналд Трамп посочи дека Пјонгјанг мора да понесе одговорност, но не конкретизираше какви мерки ќе преземе Вашингтон во врска со тоа прашање.
– САД ќе продолжат да ја следи стратегијата за вршење максимален притисок, нагласи Босерт.
Тој изјави дека заклучокот на американската Администрација за одговорноста за кибер нападите со „Вонакрај“ е донесен врз основа на докази кои се потврдени и од страна на останатите влади и приватни компании, вклучително и Обединетото Кралство и „Мајкрософт“.