Агенција за лекови: Откриен фалсификуван лек кој не бил пуштен во употреба

Сподели

Инспекциските служби на Агенцијата за лекови откриле еден фалсификуван лек во повеќе пакувања, кој не бил пуштен во употреба, информираше денеска директорот на оваа институција, Роберт Бекироски.

Во интерес на постапката во Обвинителството, тој не откри за кој лек се работи.

– Презедовме активности за справување со фалсификуваните лекови. Тие се проблем во сите здравствени системи. Со законските измени кои се во собраниска процедура ќе се зајакне контролата на паралелниот увоз на лекови. Паралелниот увоз на лекови е мерка која датира од крајот на 2013 година и предизвикува несигурност и недоверба кај граѓаните. Со предложените промени, дистрибутерите ќе треба да обезбедат сетификат за квалитет на производот од производителот, сертификат за квалитет од акредитирана референтна лабораторија и доказ дека  лекот е следен од местото на производство до крајното место на испорака – изјави Бекироски.