Собранието го изгласа Законот за амнестија

Сподели

Собранието на Република Македонија го усвои Законот за амнестија, со кој ќе бидат ослободени од издржување казна затвор приближно 670 правосилно осудени лица на затвор до шест месеци. На 3.097 лица, пак ќе им биде намалена казната за 30 проценти. Амнестијата не се однесува на лицата кои кривичните дела ги сториле после 20 септември минатата година, како и за лица по кои била издадена потерница.

Амнестијата, како што претходно објави МИА не се однесува и на лицата осудени со правосилна пресуда за доживотен затвор, за убиство, за силување и педофилија, за тероризам и кривични дела против државата, за кривични дела против јавниот ред и мир, како и за кривични дела против човечноста и меѓународното право.

Во законот не се замени предвид забелешките кои ги имаше народниот правобранител Иџет Мемети кој предупредуваше  дека законот е неправичен и нецелосен, бидејќи ги става во нееднаква положба осудениците и оти ќе има селективно извршување.

При донесувањетона одлуката не присуствуваа претениците од опозицијата.