Уценувани студентки, средношколци малтретирани од професорите, непристојни понуди од претпоставените на работното место, се само мал дел од приказните што можеа да се прочитаат на социјалните мрежи, во рамки на кампањата #СегаКажувам #TaniTregoj, која ја започнаа повеќе граѓански активистки.
Од скандалот со филмскиот продуцентски магнат, Харви Вајнстин, холивудската сцена повеќе не е иста. Се повеќе актерки или филмски работници се охрабрија јавно да зборуваат за непријатните искуства со мажите „предатори“ кои ја злоупотребиле својата моќ за да ги задоволат своите страсти.
Целта на кампањата е да се охрабрат жените и девојките да се спротистават на ваквите однесувања и гласно да проговорат за она што им се случило.
Според Ирена Цветковиќ решението за ваквите случаи не секогаш треба да се бара во државните органи, туку станува збор за систем кој треба да се менува.
Она што треба да се запомни е дека оваа инцијатива е за подигање на свеста во јавноста дека секој еден околу нас без разлика на родот, верувањата и убедувањата, можеби бил жртва, но стравот од јавен линч надвладува пред да го изнесе своето искуство.
За тоа со какви се ситуации се соочувале оние кои говорат на социјалната мрежа Фејсбук, можете да прочитате во следните јавни објави од профили со тагот #СегаКажувам.