Успехот на нашите ракометари, кои го носат дресот на Македонија е во име на граѓаните на Македонија. Оваа екипа ја заслужува секоја благодарност за сиот вложен напор за радоста што ни ја овозможија на сите нас, на сите граѓани на Република Македонија.
Успехот на ракометните репрезентативци е амбасадорска промоција на Македонија, не само во Европа, туку и во светот.
Посебно ја истакнувамe и ја поздравувамe улогата на селекторот на Ракометната репрезентација на Македонија, Раул Гонзалес, кој уште еднаш го потврди својот лидерски капацитет и визија за потенцијалите на нашите ракометари, кој исто така беспоштедно се вложува за успесите на нашата репрезентација, а со тоа и во промоцијата на македонската спортска гордост.
Постигнатиот резултат и успех дополнително е мотив за Владата да продолжи посветено да го поддржува спортот и да вложува во своите спортски таленти.
Спортскиот дух и сплотеност, кој најсилно се чувствува деновиве после секоја победа на нашите ракометни амбасадори, е пример и за функционирањето на едно општество. Само сплотени во идејата за напредок и успех, обединети во различностите, а сепак еден тим, за многу победи за една поубава иднина, спортска и граѓанска.