“Македонија е грчка” – протест на 4. февруари во Пиреја

Сподели

Преку социјалните мрежи и изјави во грчките медиуми се упатува повик на 4. февруари, граѓаните да излезат во Пиреја, во рамките на кампањата што започна под мотото „Македонија е грчка“. Ова е најавено по  масовниот протест во Солун. во неделата, грчките организации и здруженија, најавуваат нов собир, но овој пат во Атина.

Сепак, според информациите на „Катимерини“, местото на одржување на протестот е сменето од безбедносни причини, бидејќи организаторите стравувале од судири меѓу демонстрантите, од кои припаѓаат на националистичкиот камп и самонаречените анархисти.