Македонија и Украина со исти приоритети – зачленување во ЕУ и НАТО

Сподели

Артан Груби денеска имаше средба со амбасадорката на Република Украина во Македонија, Наталија Задорожњук.

На средбата било истакнато дека меѓу двете пријателски земји постои одлична соработка на сите нивоа, политичко, економско и културно, но дека има простор за нивно понатамошно унапредување. Исто така, заедничка била констатацијата дека и Македонија и Украина имаат исти приоритети, а тоа се што поскоро зачленување во ЕУ и НАТО како исти стратешки партнери – САД и ЕУ.

„Претседателот на Комисијата, Груби, истакна дека Македонија, која како земја кандидат за ЕУ и НАТО членство е понапред во овие процеси, е отворена за секаков вид на поддршка на Украина на патот кон нејзиното придружување во овие евроатлантски организации. Тој, исто така, посочи дека Македонија напорно работи на реализирање на потребните ЕУ реформи, пред се во областите на безбедносниот сектор, независноста на судството, слободата на медиумите, борбата против корупцијата и други“, се наведува во сооптшението од Комисијата за европски прашања на Собранието.