ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Денеска времето ќе биде сончево и потопло со слаб до умерен северен ветер. Наутро ќе има појава на магла по котлините.

Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје и Крива Паланка 10 Целзиусови степени, Маврово, Охрид и Битола 11, Кавадарци 13, Берово 9, Дојран 15.

До четврток ќе се задржи стабилно и суво време со благ пораст на утринските температури. По котлините ќе има услови за појава на слаба до умерена магла.

Во петок ќе преовладува зголемена облачност, ќе започне да дува поинтензивен јужен ветер, а од западните делови ќе започнат и врнежи од дожд кои ќе продолжат повремено и преку ноќта кога понекаде ќе преминуваат во врнежи од снег. Во сабота врнежите ќе завршуваат и тоа во планинските подрачја на истокот каде што ќе има слаб снег и на повисоките места.