Посредникот во преговорите за спорот за името меѓу Македонија и Грција под покровителство на ОН, Метју Нимиц денеска ќе има официални средби со претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров, како и со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и претседателот на ДУИ, Али Ахмети.
Првата средба на Нимиц, кој од Атина во Скопје пристигна вчера претпладне, ќе биде со претседателот Иванов во 10 часот.
Посредникот вчера по пристигнувањето во Скопје изрази оптимизам.
– Имавме добри средби во Атина. Се надеваме дека ќе имаме добри средби и тука. Се радувам на средбите во Владата и со другите лидери – рече Нимиц.