Европарламентот денеска на пладне ќе одлучува дали ќе го укине летното сметање на времето.
Одговорајќи на граѓанските иницијативи и петиции, кои главно се насочени кон загриженоста за здравјето од ефектите од двапати годишно менување на начинот на сметање на времето, Комисијата за транспорт во Европарламентот подготви предлог-резолуција со која се предлага запирање на таквата пракса.
За предлогот главно се залагаат балтичките и скандинавските земји.
Се очекува европарламентарците да ја повикаат ЕК да предложи укинување на летното сметање на времето.