Новите табли на аеродромот и автопатот по објавување во Службен весник

Сподели

Преименувањето на автопатот „Александар Македонски“ на Коридорот 10 и на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје ќе почне по објавување во ЈП „Службен весник“, по одлуката што за таа намена ја донесе македонската Влада на вчерашната седница.

Од Јавното претпријатие за државни патишта појаснуваат дека откако ќе се објави одлуката, на нивно барање и со нивен буџет активностите на терен за отстранување на сегашните сообраќајни знаци и за поставување нови ќе ги спроведе Јавното претпријатие „Македонија пат“.

Новото име на автопатот ќе биде „Пријателство“. Сегашното име „Александар Македонски“ се користи од јули 2008 година, а тоа име беше определено со одлука на претходната Влада.