Спасовски: МВР истражува проневера на 30 милиони евра во Министерството

Сподели

МВР истражува проневера на 30 милиони евра кои се одлеале од Министерството кога со него раководеше претходната министерка Гордана Јанкулоска. Информацијата ја обелодени министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на денешното примопредавање на донацијата на 16 нови возила за граничната полиција од германското Сојузно министерство за внатрешни работи. Во интерес на истрагата, како што рече Спасовски, одби да открие повеќе детали за проневерата.

– Завршувале на многу места, во одредени фирми и во џебови на поединци. Но, јас оставам тоа да го покаже истрагата и да не ѝ штетиме дополнително. Сето тоа што ќе биде откриено, за што работат и соодветни комисии што сум ги формирал во МВР, во Управата за безбедност и контраразузнавање, во Бирото за јавна безбедност и Јавното обвинителство, ќе дадат одговор на сите овие прашања – рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.