БУТАРИС: Солунскиот аеродром “Македонија” може да се преименува во “Никос Галис”

Сподели

Градоначалникот на Солун Јанис Бутарис изјави дека треба да се размисли за преименување на солунскиот аеродром “Македонија”, пренесува МИА.

-“Не велам дека треба да се промени, но само јавно прашувам дали треба да размислиме за тоа дека името “Македонија” го подели светот, нѐ подели и нас , и од тоа сите губиме – изјави Бутарис за грчката телевизија Скај.

Според него аеродромот може да го носи името на славниот грчки кошаркар Никос Галис, кој е меѓународно призната личност и кој влезе во американската куќа на славните. Како дополнителна причина за преименување на аеродромот е тоа што туристите кога слетуваат мислат дека доаѓаат во Скопје.

Бутарис смета дека се нерални грчките стравувња од Македонија и дека пороблемот на Атина не е Скопје, туку Анкара и сѐ поголемото турско влијание во регионот.

Тој оцени дек сега е време за вистинско решавање на спорот со името и дека секое понатамошно одолговлекување би одело на штета на Грција.

-“Подобро да добиеме 50 отсто од нешто, отколку да изгубиме 100 отсто од ништо. Изгубивме во Хаг, не можеме да го задржиме ветото за НАТО” – изјави Бутарис.