Вчера во „Службен весник“ се објавени одлуките на Владата за преименување на аеродромот „Александар Велики“ и автопатот од Табановце до граничниот премин Богородица.
И официјално името ќе биде „Меѓународен Аеродром Скопје“ или во транскрипција, испишано на англиски јазик „International Airport Skopje.
Одлуката треба да биде доставена до Министерството за транспорт и врски, до „ТАВ Македонија ДООЕЛ“ Скопје и до АД за аеродромски услуги ,,Аеродроми на Македонија“, за спроведување активности кои произлегуваат од нејзино реализирање. Објавена е и одлуката за името на автопатот А1 од граничниот премин Табановце до граничниот премин Богородица (Коридор X), според која, новиот назив ќе гласи „Пријателство“.