Радев во дводневна посета на Македонија

Сподели

Бугарскиот претседател Румен Радев од денеска ќе престојува во дводневна официјална посета на Македонија, по покана на шефот на државата Ѓорѓе Иванов.

Радев доаѓа во придружба на двајца бугарски мирополити кои же бидат дел од неговата делегација.

“-Македонија и Бугарија покажаа дека покрај заедничкото минато, можат да имаат и заедничка иднина. Двете земји отсекогаш биле пријателски, а Бугарија ќе продолжи да ѝ помага на Македонија на патот кон ЕУ и НАТО. Ова го изјави бугарскиот претседател Румен Радев во интервју за БГНЕС, непосредно пред дводневната посета во Скопје.”

Во врска со спорот за името, бугарскиот претседател смета дека неопходно е да се пронајде решение кое нема да влијае не само на интересите на Македонија и Грција, туку и на Бугарија.

„Јас верувам дека овој спор ќе биде решен на таков начин што нема да влијае на интересите на ниту една од овие три држави. За нас тоа значи, во името да нема географски одредници кои содржат делови од територијата на Бугарија. Затоа ќе бидеме во контакт со македонските власти за да се изнајде решение на најдобар можен начин. Јас сакам да им заблагодарам на премиерот Заев и на претседателот Ѓорге Иванов за храброста, бидејќи она што се случува во Македонија, односно позицијата што ја зазеде раководството на Република Македонија, беше пресвртница. Таа даде шанса за нова перспектива, за која секогаш сме биле отворени во Бугарија. Раководството на Република Македонија рече: Ќе ги оставиме проблемите во минатото, мора заедно да се надеваме на иднината. Се разбира, ние ја поздравуваме таквата политика, тоа е она што секогаш сме го посакувале во Бугарија. Ќе ја поддржуваме ваквата политика и еден ден навистина луѓето од двете страни на границата ќе се чувствуваат како браќа“, рече Радев.