Радовишкиот градоначалник Герасим Конзулов, се откажа од идејата на жените вработени во општинската администрација да им подари фигаро за коса за 8. Март, со пари од општината.
По реакцијата на социјалните мрежи и бројните критики, тендерот објавен на страницата на Бирото за јавни набавки е поништен еден ден откако беше објавен. Тендерот се поништува бидејќи „поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган“.
Според првичниот план општината требаше да набави 45 производи за нега на коса – фигаро, наменети како подароци за Денот на жената 8 Март за потребите на Општина Радовиш. Проценета вредност на набавката, без ДДВ беше 42.300 денари.