Пријава за интердисциплинарни работилници за креативно изучување на родови и женски права, на ЕДНА МОЖЕ! “WOMEN CAN!”

Сподели

ЖЕНИТЕ МОЖАТ! е проект кој таргетира и вклучува жени, девојки и девојчиња од сите генерации, и деца на жените-мајки, кои се интересираат за креативно практицирање на женско културно и социјално, интердисциплинарно самојакнење.

Прокетот ЖЕНИТЕ МОЖАТ! има за цел да ги зајкне учесничките, да ги информира и стекне со знаење и вештини за разбирање на родовите нееднаквости, во контекст на оптественото функционирање, но и во контекст на индивидуалните права.

Повикот се однесува акцентирано на девојки и жени кои сакаат да вложуваат и да се посветуваат на своите интелектуални и креативни капацитети.
Особено се обраќаме кон девојките и жените кои се дел од малцински или специфични групи: сингл мами, девојчиња од еднородителски семејства, од етнички или верски малцинства, со посебни развојни потреби, потекнуваат од специфични семејни конструкти, имаат сексуално табуизирани определби, имаат повеќе деца и помалку време за наобразба на себе, сакаат да бидат дел од женкото движење, активистки, волонтерки од граѓански организации, уметнички, графички дизајнерки, фотографки на социјални приказни, раскажувачки и девојки и жени кои имаат социјален ангажман или професија кој вклучува женски права, креативност, или се дел од образовни тимови за деца и млади.

ЖЕНИТЕ МОЖАТ! воведува уникатни приоди и методологии за да ја подигне свеста на учесничките за различните нерамноправни улогуги и одговорности на жените и мажите во секој поединечен контекст.
Исто така, проектот ќе овозможи граѓанска едукација за правата, потребите и препораките за воспоставување на родова еднаквост, теоретски, практични и креативни интердисциплинарни, неформални работилници.

Работилниците се одвиваат два пати во месецот, по три часа, во најголема мера во просториите на „Концепт центар Една може!/Една прави“, кај Цветен пазар, Центар, Скопје. На истите имате можност да присуствувате со деца, кои ќе бидат менторирани низ работилници за креативно изразување.