УЈП отвори дополнителни шалтери за поднесување Годишна даночна пријава

Сподели

Управата за јавни приходи отвори и дополнителни шалтери за поднесување на Годишна даночна пријава лоцирани:

  • на приземјето на Дирекцијата за големи даночни обврзници (зграда на ССМ);
  • општина Ѓорче Петров во зградата на урбаната заедница Ѓорче Петров (кај полициската станица);
  • општина Бутел во општинската зграда;
  • општина Гази Баба во бараката за едношалтерски систем (поранешен даночен шалтер на УЈП); и
  • општина Аеродром, во општинската зграда на втори кат.

На овој начин граѓаните од Скопје но и сите оние кои се од друг град, а кои привремено работат или живеат во Скопје, можат пополнетата Годишната даночната пријава за утврдување на персонален данок на доход (види http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/21) да ја поднесат на повеќе локации, вклучувајќи го и Даночниот шалтер Чаир, како и во Мобилните даночни шалтери на УЈП (види http://kontaktcentar.ujp.gov.mk).

За сите дополнителни информации и помош при пополнувањето на Годишната даночна пријава, граѓаните можат да се обратат во Инфо центарот 0800 33 000 и 02/3253 200 или да побараат помош од даночните агенти во даночните канцеларии.