Вицепремиреот за европски прашања Бујар Османи не оди на конференција во Босна и Херцеговина за Западен Балкан поради тоа што Косово не е покането на конференцијата!? Албанија исто така ќе ја бојкотира Конфенерцијата. Ццццццц. Срамно и недозволиво.
Значи продолжува и понатаму функционирањето на двоглавата извршна власт. Си имаме два премиера пред кои одговараат министрите.
За жал досега во РМ немаше и нема маж премиер кој цврсто ке ја држи во рака премиерската палка. Желбата да се сочува премиерската позиција по секоја цена, е побитна од се останато.
Во една саглам држава, со саглам премиер не е можно вицепремиер сам да донесува одлука за учество или неучество на ваква важна конференција поради ваква причина.
Сетете се само дека против Бујар Османи има и истражна и предистражна постапка. И покрај презумпцијата на невиност, саглам премиер и премиер кој држи до себе, немаше да дозволи да му го наметнат во владата се додека не заврши целата постапка, а уште помалку сам да одлучува за учество или неучество на конференцијата посветена на Западен Балкан.
П.С. Да бидам објективен до крај и против премиерот се води кривична постапка.
ФБ, статус Јове КЕКЕНОВСКИ