Часот на планетата Земја: “Поврзи се со планетата” – 24. март

Сподели

Во пресрет на најголемата светска еколошка акција “Часот на планетата Земја”, тимот на оваа акција го промовираше глобалното видео од светската маркетинг кампања, во кое се појавува и инсерт од Скопје.

“Часот на планетата Земја” ќе се одржи на 24. март и претставува најголема еколошка акција, која има за цел преку симболичното исклучување на осветлувањето во период од еден час да испрати порака за спас на планетата.

Рекламното видео денеска се промовира на глобално ниво под слоганот “Поврзи се со планетата”.