-“Од што се плашиме, дека можеби соседите ќе ни го земат Солун? Сега е шансата да завршиме со ова отворено прашање. Скопјаните не се човекојадци” – изјави солунскиот градоначалник Бутарис во писмениот говор на конференцијата “Национализам, наспроти патриотизам”, oрганизиран од грчката партија Река.
Правејќи споредба меѓу патриотизмот и национализмот, Бутарис изјави дека со патриотизмот добиваат, но со национализмот се пропуштаат можности. Како пример ја наведе општина Солун, градот што не сака да пропушта можности и кој е отворен кон Турците и Македонците, пренесува дописникот на МИА.
-“Затоа го поканив премиерот Зоран Заев да ја дочека новата година тука. Поврзани сме лично, и тој е сериозен човек. Од што се плашиме, дека можеби соседите ќе ни го земат Солун? Сега е шансата да завршиме со ова отворено прашање, во корист на Грција, затоа што денес соседната земја во целиот свет е позната исклучиво со уставното име. Скопјаните не се човекојадци, само затоа што ги водеше Груевски, еден радикален националист еднаков со нашите ултра националисти.” – изјави Бутарис.
-Ние го направивме почетокот, и време е штафетата смело да ја преземе политичкото раководство во Атина и да продолжи со овие потези.