Македонската филхармонија продолжува да ги реализира Симфониските концерти наменети за најмладите. Утре во 12 часот, во големата сала на Македонската филхармонија, ќе се одржи концерт под наслов „Музичка екскурзија со Пакомак“, на кој како аниматор ќе се претстави познатиот водител на детски емисии – Ивце Пивце.
Диригент на концертот е маестро Ле Фи Фи , а ќе бидат изведени композиции од Хајдн, Респиги, Вивалди, Штраус, Бетовен, од Сметана.
Ова е уште еден од едукативните концерти на Македонската филхармонија чија мисија е преку класичната музика, но и преку еко приказната, да влијае врз образованието на најмладите и да ја прошири нивната свест за екологијата, надвор од училишните клупи.