Членовите на Социјалдемократската партија на Германија (СПД) го поддржаа формирањето на владејачката коалиција со конзервативниот блок на германската канцеларка Ангела Меркел, јавува Anadolu Аgency (AA).
Околу 460 000 членови на СПД гласаа и две третини го поддржаа повторното создавањето на големата коалиција.
Со формирањето на коалицијата, Германија ќе добие нова влада која четврти мандат ќе биде предводена од Меркел.
Со ова е завршена петмесечната политичка криза во Германија, најдолгата во повоената историја на земјата.
Германскиот Парламент треба да заседава следната недела, со цел Меркел да биде реизбрана за функцијата канцеларка.