Мицкоски: Ќе поднесеме кривична пријава против Џафери, ќе го оспориме Законот и пред Уставен суд (ВИДЕО)

Сподели

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава против Талат Џафери за флагрантно кршење на Уставот и на законите, изјави вечерва лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.

– Ова безредие нема да трае вечно, злосторниците ќе одговараат за своите злодела. ВМРО-ДПМНЕ останува на бедемот на државните интереси, рече Мицкоски
„Скандалозна е изјавата на пратеникот Џафери дека не го интересираат реформите, туку само Законот за јазици. Колку побрзо и порано сфатат дека сите сме во иста држава, толку ќе биде полесно“, додава Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава против претседателот на Собранието, Талат Џафери, поради  флагрантно кршење на Уставот и законите, најави вечерва на прес-конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски