Во вторникот на Правниот факултет „Јустинијан Први” во Скопје, повеќе од 350 студенти и млади ги слушнаа успешните приказни на манекенката Катарина Ивановска, докторот Слободан Лазаревски, и претприемачката Нина Ангеловска. Настанот, како што најави водителот Жарко Димитриоски, е дел од низата вакви случувања под името „Feed Your Brain“, кои ќе се одржуваат на различни Универзитети низ државата, со различни мотивациони говорници.
Feed Your Brain e акција која е дел од платформата Мрдни со Прст која е граѓанска платформа, чија мисија е да поттикне акција на размислување за индивидуалната одговорност и поголема граѓанската вклученост во решавање на општествените прашања кои сите нè засегаат, бидејќи секое мало мрдање со прст придонесува за големи резултати и промени. Иницијативата започна пред повеќе од една година и секој граѓанин, граѓанска иницијатива или организација може да стане дел од неа.
„Feed Your Brain“ се реализира како дел од платформата „Мрдни со Прст“.