Русинката Марија Ефимова по која е распишана меѓународна потерница и која е клучен сведок во истрагата за убиството на новинарката од Малта, Дафне Каруана Галиција, денеска е уапсена во Атина.
Грчките медиуми јавија дека таа самата се предала во полициската станица во Атина, при што е изведена пред обвинител и нареден е притвор додека не се испита налогот за нејзината екстрадиција.