Протеравањето на рускиот дипломат не е само последица на солидарност за случајот „Скрипал“, туку истиот бил вмешан и во активности на руското разузнавање кои целеле кон инсталирањето руски агенти во високите ешалони на дел од извршната власт, дознава телевизија 24Вести ,од високи извори во македонската полиција.
Институциите не споделуваат информации дали руското разузнавање имало успех во агендата, но документ од Мрежата за известување за организиран криминал и корупција објавен во петтата епизода на емисијата Проверено кој потекнува од македонското контраразузнaвање посочи дека тие уште пред повеќе од две години следеле активности чии намери биле токму тоа – пенетрирање во македонските институции.
„Во текот на изминатите години беа регистрирани и попречени активности насочени кон остварување на разузнавачки продор во значајни државни органи на РМ/ МНР и ДКП, Собрание, а регистриран е особен интерес за Кабинетот на претседателот на државата“, пишуваше во анализата на ДБК.