Харадинај ги разреши министерот на внатрешни работи и и директорот на разузнавачката служба

Сподели

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај ги разреши министерот за внатрешни работи Фламур Сефај и директорот на разузнавачката служба Дритон Гаши,

Разрешувањето уследи по вчерашното апсење и екстрадиција во Турција на шест турски државјани, осомничени како ѓуленисти.

Во Косово вчера беа приведени и екстрадирани шест турски граѓани под обвинение дека се поврзани со училишта финансирани од движењето на Фетулах Ѓулен, кој за Анкара е организатор на неуспешниот државен удар во јули 2016 година.

 Дел од балканските држави се под притисок на Турција да затвораат приватни училишта поврзани со муслиманскиот проповедник Ѓулен, кој живее во САД. Тој отфрла каква било врска со пучот во 2016 година во Турција.