Првиот авион со руските дипломати протерани од САД пристигнуваат во Москва

Сподели

Првиот авион со руски дипломати, кои беа протерани од САД по труењето на поранешниот шпион во Велика Британија, слета на московскиот аеродром Внуково, јави РСЕ.

Државната новинска агенција ТАСС објави денеска дека во авионот се превезуваа 46 вработени од руската амбасада во Вашингтон и нивните семејства. Вториот авион со 14 членови на персоналот од рускиот Генерален конзулат во Сиетл и руската мисија во Обединетите нации треба да пристигне во Москва подоцна во текот на денот. САД протера 60 руски дипломатски службеници и наредија затворање на Генералниот конзулат во Сиетл, како дел од меѓународниот одговор на наводите за руското труење со нервен гас на поранешниот шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка во англискиот град Солсбери на 4 март Русија. Русија ги отфрли британските обвинувања дека стои зад труењата, и одговори со наредба за протерување на 60 американски дипломати и затворање на американскиот конзулат во Санкт Петербург.

Дваесет и девет главно западни земји протераа околу 150 руски официјални лица во солидарност со Велика Британија, а НАТО, исто така, им нареди на 10 Руси да излезат од нивната мисија во Белгија.