„Нашата вера е родена на велигденското утро: Исус е жив! Искуството е во срцето на христијанската порака“ парача папата на Твитер.
-” Светлото на Велигден нека ја просветли совеста на сите политички и воени лидери, за да се стави крај на крвопролевањето и убивањето на луѓе, да се достави помош на загрозените, а бегалците да се вратат во своите домови”, изјави папата Франциск од терасата на базиликата Свети Петар пред повеќе илјади верници.
Папата апелираше за мир во Светата земја, за помош за протераните во Сирија и се заложи за дијалог и за помош на жртвите од трговија со луѓе и со наркотици. Папата изрази надеж дека ќе бидат надминати поделбите во Јемен и во целиот Блиски Исток.
Папата во својот говор се осврна и на Азија, истакнувајќи оти се надева дека дијалогот ќе донесе мир на Корејскиот Полуостров, барајќи од тие што се директно одговорни да дејствуваат разумно во корист на корејскиот народ.
По повод на Украина, папата Франциско апелираше за поголеми напори во донесувањето на хармонија помеѓу поделената нација.
Папата Франциско исто така повика на мир и во Јужен Судан и во Демократска Република Конго.
Велигденскара миса се одржа под засилени безбедносни мерки во целиот Рим поради ставор од евентуални терористички напади.