МНТ: Почнува Танц Фест 2018

Сподели

Македонски народен театар, Отворање на Танц Фест, 4. април

Танцовата претстава „Орландина“на Танцовиот театар од Љубљана, Словенија,  во кореографија и режија на Рисима Рисимкин.

Вечерва во МНТ е отворањето на овогодинешниот Танц Фест 2018. Оваа година фестивалот се одржува по 14. пат и ја бележиме и седмата година од постоењето на Скопје Танцовиот Театар. За отварањето на фестивалот ви нудиме две прекрасни парчиња кој се кореографирани од Уметничкиот директор на Скопје Танцовиот Театар Рисима Рисимкин и младиот кореограф Адријана Данчевска.

„Орландина“ е претстава посветена на Росана Хрбар и времето. Инспирирана од романот „Орландо“ на Вирџинија Вулф, претставата „Орландина“ така насловена од кореографката, е интимна приказна на танчер, раскажана преку видогледот на три силни жени од различни културни, политички и временски периоди: Вирџинија Вулф, Рисима Рисимкин и Росана Хрибар.На претставата работи и композиторот Тони Китановски, кој направи нова, оригинална музика за претставата, како и извонредниот Алан Хранителј, костимограф с светска кариера, кој меѓу другото работел и за „Curque du Soleil“.

“D.O.L”

Кореографија: Адријана Данчевска
Играат: Матеа Киселичка, Александра Петрушевска, Анастасија Данчевска, Дејан Битровски, Јакуб Мунко, Сара Цветковска, Јована Зајкова, Бобан Русески и Тереза Лазарев
Музика: Александар Гроздановски
Костими: Благој Мицевски