ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, информираат од управата за хидрометеоролошки работи.

Попладне ќе има зголемување на облачноста, со услови за слаб локален дожд во западните планински предели. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се движи од 2 до 9, а мксималната од 18 до 25 Целзиусови степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево, а попладне со умерена облачност и со умерен југоисточен ветер. Температурата во главниот град ќе се движи во интервалот од 7 до 24 степени.

Во наредните денови ќе преовладува претежно стабилно и потопло време, со дневни температури кои речиси насекаде ќе надминуваат 20 степени. Во планинските подрачја кон крајот на работната недела ќе има услови за повремен дожд и ретки грмежи.