Коѕијас: Како што се доближуваме и ги решаваме нашите проблеми, остануваат помалку теми за решавање

Сподели

-“Да му се заблагодарам на мојот пријател Никола за извонредното гостопримство, бидејќи секогаш кога се среќаваме дискутираме за тешки прашања и освен темите кои ги решаваме добиваме и меѓусебно разбирање. Ќе се сретнеме во наредниот период, сигурно е дека ќе се сретнеме на 3 и 4 мај во Солун, а исто така ќе се сретнеме на 11 и 12 мај, и таму ќе дискутираме иднината на Европа. Да изразам благодарност на дипломатите на двете земји, во кои разговори забележуваме напредок, посебно во рамката на заедничка соработка, но и на тешкото прашање кое се однесува на иредентизмот. Како што се доближуваме и ги решаваме нашите проблеми, остануваат помалку теми за решавање. Направивме позитивен чекор денеска и секогаш се надеваме дека ќе успееме и најтешките проблеми да ги направиме полесни. Секако бевеме соочени со големите и тешки проблеми, се обидуваме да решаваме проблеми кои се однесуваат на минатото и се предизвикани од други, но тоа е работата на дипломатијата” – рече Коѕијас.

Изјави, Никос Коѕијас