ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето  во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер. Попладне во источните делови ќе има краткотраен локален дожд и ретки грмежи.

Утринската температура се движи од 4 до 13 степени, а дневната ќе изнесува меѓу 18 и 26 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен повремено засилен северен ветер. Утринската температура се спушти до 11 степени, а дневната ќе достигне до 23 степени.

Во следните три дена  времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. Услови за локални слаби врнежи од дожд ќе има во првите два дена од следната седмица.