Протестен марш на 1.мај – „Стоп за извршителите“

Сподели

-” На 1 Мај ги повикуваме тие што се сега блокирани и тие што биле блокирани и заради тоа биле многу онеправдани, ги повикуваме сите вработени кои одвојуваат една третина од платата, тешко спечалена и мала, ги повикуваме сите пензионери, кои исто така одвојуваат по една третина од малите пензии за извршителите, за виртуелни долгови кои им се додадени на нивните сметки, ги повикуваме тие што плаќаат заостанати долгови од пред 20 години, спротивно на сите закони, сите кои се дискриминирани и осиромашени, кои едвај врзуваат крај со крај, да дојдат на Протестен марш на 1 Мај, во 11 часот, на просторот меѓу Основен суд 1 и Македонска телевизија. Ќе поминеме покрај Собрание, покрај Министерство за правда и ќе завршиме пред Владата “– рече Ана Глигорова од иницијативата „Стоп за извршителите“.

Иницијативата „Стоп за извршителите“ најави протест за 1 мај. Оттаму порачуваат дека не се задоволни од предложениот закон на Владата, бараат итно одблокирање на сметките, како и ревизија на работата на извршителите.