Извештај за сработеното на СЈО пред собраниската Комисија за политички систем

Сподели

Денеска на седница на собраниската комисија за политички систем, извештај за сработеното ќе поднесе Специјалното јавно обвинителство, за периодот од 15. септември 2017, до 15 март 2018 година. Ова е петтиот шестмесечен извештај за работата на СЈО.

Членовите на собраниската комисија меѓу другото ќе расправаат и за годишните извештаи за 2017 година, за работата на неколку институции.

На дневен ред се извештаите за работењето на Дирекцијата за заштита на личните податоци, Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор како и комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.

Се очекува извештајот да биде презентиран од специјалната обвинителка Катица Јанева.