Премиерот Заев на седницата на Комисијата за европски прашања изјави дека по одлуката за отпочнување преговори за членство во Европската унија, веднаш ќе почне да ја подготвува преговарачката структура.
– По донесувањето на одлуките за преговори во јуни, ќе ги подготвиме и преговарачите. Со овој чекор, ќе демонстрираме сериозност. Овде ќе ни требаат најдобрите луѓе од институциите. Треба да имаме предвид дека членството во ЕУ ќе ги отвори најголемите теми, како реформите во судството, владеење на правото, човекови права и така натаму. Реформиран државен систем ќе ни помогне да станеме до европските политички системи. Ги засукаваме ракавите, не чека полни раце работа – кажа Заев во обраќањето.