ОЈО: Професори примале поткуп и барале сексуални услуги за оценка

Сподели

800px-AEK_Javno_obvinitelstvo_i_finansova_politsija_Ministerstvo_za_nadvoreshni_raboti_4

„Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, по повеќемесечна оперативна обработка на податоци, прибра докази до степен на основано сомневање за сторени кривични дела со коруптивна природа, каде оштетени се студенти од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Осомничени се осум лица од кои шест се универзитетски професори, еден демонстратор и еден управител на бифе во универзитетскиот комплекс“, стои во соопштението од ОЈО, во врска со вчерашната акција на полицијата на Економскиот факултет во Скопје.

„Лицата се осомничени за сторени повеќе кривични дела за кои ќе се одлучува по спроведената истрага. Освен примање пари, постои степен на основано сомневање дека дел од професорите барале и извршување сексуални услуги заради полагање испит. Во текот на вчерашниот ден, при преземените дејства за прибирање докази по издадената наредба за претрес, еден од професорите е затечен инфлагранти во извршување кривично дело – примање поткуп од 1.000 евра, додека за другите се обезбедени докази во изминатиот период. Во моментот предметот е во преткривична постапка. Надлежниот јавен обвинител ја прима кривичната пријава и врши оценка за потребата за примена на мерки за обезбедување на присуство на лица и на предмети во текот на постапката, по што ќе донесе мериторна јавнообвинителска одлука за која јавноста навремено ќе биде информирана“, појаснуваат од Основното јавно обвинителство.

ОЈО: Професори примале поткуп и барале сексуални услуги за оценка