Меморандум за соработка за спроведување на Проектот „Развој на парламентарен и независен надзор“

Сподели

Претседателот на Собранието г. Талат Џафери, од име на Собранието на Република Македонија и г. Томас Гербер, директор и амбасадор на Демократска контрола врз вооружените сили (ДКАФ), ќе потпишат Меморандум за соработка за спроведување на проектот „Развој на парламентарен и независен надзор“, како дел од програмата за реформа на разузнавачкиот сектор во Република Македонија 2017 – 2020.