Заев: Да се потврди уставноста на СЈО и да се ослободат сите приведени

Сподели

zaev-3

Уставниот суд да ја потврди уставноста на Законот за Специјалното јавно обвинителство и сите приведени граѓани кои протестираат да бидат ослободени, побара денеска на прес-конференција лидерот на СДСМ, Зоран Заев, како услов за да може да продолжат преговорите помеѓу партиите за подготовка на парламентарни избори. Тој за овие услови даде рок до 18 јуни.

– Само ако се исполнат овие два чекора договорот од Пржино може да преживее – изјави Заев.

Тој побара дека исто така бара формирање на влада која ќе спроведе слободни, фер и демократски избори.

– Целосно ги поддржуваме барањата на граѓаните кои секојдневно протестираат. Времето на страв во Македонија заврши. Време е за враќање на правдата, слободата и демократијата. Ние имаме мотив. Се вика Македонија – рече тој.

Заев побара ако има можност претседателот Ѓорге Иванов да ја укине неговата аболицијата затоа што во тој случај нема никаков криминал.

Заев: Да се потврди уставноста на СЈО и да се ослободат сите приведени