Поранешниот пратеник во Собранието на РМ Џезаир Шаќири е времено ангажиран како надворешен соработник од областа на внатрешната безбедност и борба против радикализмот, за потребите на Канцеларијата на претседателот на Владата на РМ, соопшти денеска владината прес-служба.
Во соопштението се наведува дека Шаќири има времен договор со времетраење од една година, со висина на примања од 36.000 денари месечно.
Шаќири, кој е познат како командант Хоџа, по информациите и реакциите викендов дека е назначен за советник за безбедност, на својот Фејсбук профил напиша дека „ја добил функцијата за да преживее“.
– Ниту сум избран за премиер, ниту за прв парламентарец. Едноставно се работи за функција за да преживеам. Секакви луѓе има во владата избрани на разни функции, а вие реагирате за мене, напиша Шаќири на Фејсбук.