Чавошоглу: Нема договор со ЕУ без укинување на визите

Сподели

5175761273avuolurkmenistanda

Турција ќе мора да го суспендира договорот со Европска Унија за запирање на приливот на мигранти во Европа, доколку не се постигне договор за визната либерализација за турските државјани.

Ова го изјави министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, во интервју за турската телевизија „Хабер“.

Тој во интервјуто вели дека германската влада мора јасно да покаже дека нејзиниот став не е во склад со резолуцијата на Бундестагот, со кој турскиот масакр на Ерменците во 1915 година е прогласен за геноцид.

Говорејќи во борбата против џихадистите на Исламска држава, Чавушоглу најави дека Турција силно ќе ја поддржи евентуалната операција за заземање на ирачкиот град Мосул кој е во рацете на ИД.

Во врска со односите на Израел и на Турција, според неговите зборови, ситуацијата е „еден-два состаноци оддалечена од нормализација на односите“, но дека Израел треба да ги елиминира пречките за помош на Палестина и на Газа.

Чавошоглу: Нема договор со ЕУ без укинување на визите