Жртви на протестите пред отворањето на американската амбасада во Ерусалим

Сподели

За Израел – Ерусалим е главен град, додека Палестинците го гледаат источен дел како главен град на идната палестинска држава, пишува VOA.

Министерството за здравство во Газа соопшти дека израелските сили застрелале најмалку 41 Палестинци долж границата на Појасот Газа, каде што илјадници протестанти излегоа денес, кога САД се подготвуваат официјално да ја префрлат својата амбасада од Тел Авив во Ерусалим.

Според официјалните лица, досега најмалку 1000 лица се повредени, вклучувајќи десетици од огнено оружје. Бројот на смртните случаи на Палестинци убиени од израелските сили за време на шестнеделните протести се искачи на повеќе од 50.

Критичарите го обвинија Израел за употреба на прекумерна огнена сила, додека Израел вели дека ваквите дејствија се неопходни токму поради безбедноста на својот народ.

Покрај употребата на оружје, од израелска страна, безбедносните сили употребиле и солзавец за растурање на демонстрантите, но и покрај тоа, насобраната толпа продолжила да се зголемува.

Демонстрантите, фрлале разни предмети преку границата и запалиле гуми пред да биде отворена амбасадата. Многу компании и училишта во Газа беа затворени.

Но, и покрај преместувањето на американската амбасада, Палестинците, исто така, протестирале и поради одбележување на годишнината од она што го нарекуваат „катастрофа“, во врска со стотиците илјади Палестинци кои биле протерани или избегани за време на војната во 1948-та година при создавањето на Израел.

Новата локација на американската амбасада е привремена локација која ќе работи во постојната зграда на конзулатот на САД во Ерусалим, се` додека не се најде друга и поголема локација.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вети за време на неговата кампања да ја дислоцира амбасадата на САД во Ерусалим, а во декември минатата година, тој го призна Ерусалим како главен град на Израел. Истиот месец, Генералното собрание на ОН со големо мнозинство усвои резолуција со која се отфрли одлуката на Трамп во врска со Ерусалим.

Трамп во понеделникот на Твитер напиша: „Ова е голем ден за Израел!“

Секретарот на Министерството за финансии на САД, Стивен Мнучин, рече дека преместувањето на амбасадата „е приоритет на националната безбедност“ и дека токму поради тоа, Трамп сакал имотот на амбасадата на САД да биде на десната страна на градот во Ерусалим.

За Израел целиот Ерусалим е главен град, додека Палестинците го гледаат источен дел на Ерусалим како главен град на идната палестинска држава.

Ова прашање веќе долго време се смета за една од последните големи работи што ќе треба да се реши во кој било израелско-палестински мировен договор.