Хрватска го презема претседавањето со Советот на Европа

Сподели

Хрватска утре го презема претседавањето со Советот на Европа, првпат по 22 години откако стана членка.

На претстојниот дводневен состаниок на министрите за надворешни работи на членките на Советот на Европа, кој почнува вчерва во данскиот град Хелсингер, Хрватска од Данска го презема ротирачкото претседателство на Комитетот на министри на Советот на Европа. По шест месеци, од Хрватска должноста ќе ја преземе Финска.

 Хрватска со паневропската организација претседава првпат откако беше примена за нејзина членка на 6 ноември 1996 година.

Советот на Европа, кој денес брои 47 членки – сите европски земји освен Белорусија – е најстарата европска организација, основана на 5-ти мај 1949 година во Лондон, со цел зајакнување на европското единство и промоција на демократијата, заштита на човековите права и владеењето на правото на европскиот континент.

Министерката за надворешни и европски работи на Хрватска, Марија Пејчиновиќ Буриќ, од 18-ти мај, ќе ја извршува функцијата претседавач на Комитетот на министри на Советот на Европа, и во тоа својство ќе ја претставува целата организација.